СВР Охрид со превентивна кампања за безбедни матурски прослави

Од:

Секторот за внатрешни работи Охрид во пресрет на матурските прослави, стартуваше со превентивно-едукативна кампања за безбедни матурски вечери.

Претставници од Оделението за превенција од денеска ќе бидат во средношколските центри во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар, и со матурантите ќе разговараат за неопходните мерки за безбедност при одржувањето на матурските прослави.

И оваа година полициски службеници ќе се грижат за безбедно и непречено одржување на матурските вечери на целото подрачје што го покрива СВР Охрид. Во таа насока, со планираните безбедносни мерки, покрај учениците, ќе бидат запознаени и советодавните групи граѓани, училишните одбори, раководните и стручни служби во училиштата, а посебни средби се планирани со агенциите за обезбедување, угостителските објекти и со други чинители, што е во согласност со концептот за полициско работење во заедницата.

Планираните мерки, како што ионформираат, се преземаат со цел елиминирање на можностите за нарушувања на јавниот ред и мир и појава на други асоцијални однесувања, како и спречување на управување на моторни возила под дејство на алкохол или психотропни супстанци.

Низ видео – презентации, матурантите ќе се запознаат со законскиот процес на стекнување на правата и законските одговорности, со обврските за почитување на законите за прекршоци против јавниот ред и мир, законот за безбедност на патиштата, кривичниот законик како и со другата законска легислатива во Република Македонија. Пред учениците-матуранти, ќе се презентираат и законските обврски на полициските службеници.

СВР Охрид, слични активности ќе презема и за безбедно одвивање и на полуматурските прослави на целото подрачје.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ