СВР-Битола со препораки за заштита на имотот на граѓаните во лето

Од:

Секторот за внатрешни работи-Битола, со цел да се подигне свеста за самозаштита и превенција од секаков облик криминал, денеска преку соопштение ги советува граѓаните како да ги заштитат домовите во претстојната летна сезона.

Од СВР-Битола на граѓаните им препорачуваат во својот дом да не чуваат скапоцени предмети, пари,накит и други вредни работи и внимателно да се користат социјалните мрежи како и објавувањето слики и места каде престојуваат бидејќи, посочуваат, со тоа стануваат лесен плен за кражба.

– Ако граѓаните се жртва на криминал, треба веднаш да пријавете во полиција. Додека не дојде полицијата,не смее да се допира ништо ниту да се влегува во домот. Секој граѓанин треба да внимава на својот мобилен телефон и паричник, но и на платежните картички, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола и препорача граѓаните за време на престојот во туристичките места да не ги оставаат вредните предмети на видно место во автомобилот.

Во сооипштението од СВР – Битола стои дека задолжително, пред заминување на годишен одмор во друга држава да се обезбедат телефонски број и дополнителни информации за најблиското претставништво, амбасада или конзулат на Република Македонија во соодветната држава.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски