СВР-Битола ја почна кампањата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“

Од:

СВР-Битола во соработка со средношколци од градот, денеска ја почна кампањата за безбедност во сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата, почитувај го животот“.

На денешниот промотивен настан во Битола, инспекторот за превенција во сообраќајот Дејан Цветановски посочи дека владината кампања ќе се спроведува на целата територија на секторот за внатрешни работи и притоа на сите возачи ќе им бидат доделени летоци преку кои се појаснуваат целите на кампањата.

– Оваа кампања е посветена на носењето на сигурносни појаси, што значи целна група се сите возачи на сите патишта. Употребата на сигурносен појас е задолжителна за сите патници во автомобилот, и на предните и на задните седишта, а казната за не носење на сигурносен појас изнесува 20 евра во денарска против вредност, појасни Цветановски.

Сигурносниот појас во автомобилот е најефикасна заштита од повреди при сообраќајна незгода, информираа од СВР-Битола.

Би можело да ве интересира

Крадец со скалпел во рака се закануваше дека ќе го повреди мажот кој го ограби

Поради сообраќајна несреќа сообраќајот од Битола кон границата со Грција се пренасочува преку селата Бистрица и Породин

Коњановски: Секој голем проект почнува од гласот на граѓаните

Битолската полиција со апел до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

(ВИДЕО) Коњановски: Целосна реконструкција на центарот за спорт и рекреативни активности во Битола

(ВИДЕО) Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

Горан Наумовски