СВР Битола го одбележа денот на загинатите битолски полицајци во Вејце

Од:

СВР-Битола денеска го одбележа 28 април, денот кога во 2001 година, пред 24 години во тетовското село Вејце загинаа припадници на посебната единица од СВР Битола при МВР.

Цвеќе пред споменикот на СВР Битола и споменикот „Ангел” кај градскиот часовник во Битола положија началникот Сашо Мирчески и претставници на полицијата од СВР Битола, делегации од преставници од БЈБ, АРМ, Министерство за одбрана, здруженија на воени ветерани, резервисти, воени инвалиди, соборците на загинатите бранители, преставници од синдикатите на полицијата.

Пред спомениците на трагично загинатите битолски полицајци Марјан Божиновски, Илче Стојановски, Бошко Најдовски и Кире Костадиновски во Битола, цвеќе положија и градоначалници од општините во пелагонискиот регион, советници, политички партии, како и семејствата на загинатите кои оддадоа почит кон прерано починатите колеги, браќа, другари и пријатели.

Делегација на СВР-Битола цвеќе положи и кај селото Вејце на местото на загинувањето на своите колеги.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Го запали својот автомобил, побегна и пукаше во полицијата

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

Српското МВР предупредува на нова лесно уверлива измама на WhatsApp

ДУИ: Институционална одговорност e потребна по верскиот обред на полицијата

Горан Наумовски