Светските медиуми јавуваат за масовноста на митингот на „Граѓаните за Македонија“

Од:

„Македонија протестира: Антигруевски протести во Скопје“, „Проблематичната Македонија се подготвува за најголемите опозициски протести“, „Илјадници протестираат против контроверзната македонска влада“, се насловите на светските медиуми што денеска информираат за масовниот митинг на „Граѓаните за Македонија“.

mediumi-3 - Copy (5)

Британската национална телевизија „Би-Би-Си“ јавува дека лидерот на СДСМ очекува 100.000 лица да се појават на протестот, но оти една десетина од таа бројка да излезе на протест ќе испрати силна и јасна порака за премиерот Груевски.

mediumi-3 - Copy (6)

Англискиот сервис на „Дојче веле“ јавува дека десетици илјади лица, со македонски и со албански знамиња, маршираат кон зградата на Владата, повикувајќи „Победа, победа“. Во извештајот се наведува дека премиерот за утре има најавено свој митинг.

mediumi-3 - Copy (7)

Денешните протести, преку извештаите на новинските агенции „Ројтерс“, АФП, „Асошиејтед прес“, се најдоа во медиумите одЕвропа, Кина, Индија, па сè до САД, а руската телевизија „Раша тудеј“, на својот шпански канал на „Јутјуб“, врши директен пренос од митингот.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Протест во Сараево: Граѓаните побараа оставка од министерката за образование

Протест во Сараево: Дали рекламирањето е поважно од нашите животи?

Тричасовен протест со блокада на Плетвар

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ

Денеска протест на ССМ: Синдикатите бараат зголемување на минималната плата

Горан Наумовски

Левица: Безрезервна поддршка за протестот на работниците – и на улиците и од институциите