Светскиот македонски конгрес бара распуштање на Собранието и предвремени избори

Од:

Распуштање на Собранието и предвремени парламентарни избори побара денеска претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Петров барањето го упати јавно, од Семакедонска иселеничка средба во село Трново.

Според него, тоа е единственото решение за општествено-политичките проблеми во државата.

-Потребна е системска рекомпозиција, потребна е трета силна македонска партија за баланс на односите во Собранието и Владата. Повикуваме на семакедонско помирување и обединување зашто во единството е силата, за опстанок на нацијата. Бараме распуштање на Собранието и нови парламентарни избори, рече Петров.

На традиционалниот собир во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“, првиот човек на Светскиот македонски конгрес јавно ги отфрли и осуди потпишаните меѓународни договори со Бугарија и Грција и порача да прекине работата на, како што рече, комисиите со Атина и Софија за ревизија на македонската историја.

-Свесни сме за политичкиот реализам, живееме во 21 век и затоа и покрај се, и после се, велиме, културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации во чија што основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современите политички нации. Разликите во читањето на историјата не треба да бидат повод за омраза и војна, а одбележувањето на исти датуми, настани и личности треба да бидат повод за мир и љубов, а не за асимилација и денационализација. Предлагаме помирување на македонскиот народ со сите соседи и договори за траен мир и добрососедство со сите соседни држави врз принципот на еднаква сувереност и соработка по сите прашања од заеднички интерес, појасни Петров.

Пред учесниците на собирот во битолско Трново се обрати и Васил Стерјовски, пратеник во Собранието на Република Албанија и генерален секретар на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција.

-Се залагам за интеграција на македонците во институциите во албанското мултикултурно, мултијазично и мултиконфесионално општество. Горд сум зашто во историјата на Собранието на Република Албанија прв пат сум пратеник од регистрирана македонска партија од округот Корча. Во албанското Собрание побарав Владата на Република Албанија да вложи во развојот на туризмот, стопанството, патната инфраструктура, водоводот и други проекти во места каде што живеат македонците. Македонците и албанците се мостови на соработка и богатство во македонско-албанските односи, рече меѓудругото Стерјовски.

Под мотото „Човекови права за сите и против секаква дискриминација и асимилација“, 48та Семакедонска и 39та Погранична средба на Македонците ја организираа Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија во Битола, Светскиот македонски конгрес и Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Самка Ибраимовски: Доста е да не водат семејни кланови и партиски потрчковци

Орце Костов

Таравари: Mладите се јадрото на населението, иселувањето на младите е државен аларм

А1он

Цвеќе и пораки со сочувство пред Амбасадата на Русија во Македонија

А1он

Претседателските кандидати до кампањата не смеат да трошат пари од трансакциската сметка наменета за изборна кампања

Горан Наумовски

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Ахмети и Реџепи потпишаа коалиција: „Европскиот фронт“ ќе биде носител на промени, „да“ за ЕУ, „не“ за Русија