Светскиот ден на спортот одбележан во Карпош

Од:

Со изведба на танци, песни, драматуршки рецитати и спортски игри, учениците од ООУ „Вера Циривири Трена“ денеска го одбележаа Меѓународниот ден на спортот и мирот. Трета година по ред Општина Карпош го празнува овој светски признат ден на спортот. Основците од ова училиште, ја истакнуваа важноста од занимавањето со спорт, и колку спортот влијае на психофизичкиот развој на едно младо дете. Раководителот на одделението за спорт и култура при Општина Карпош Патрик Поповски, нагласи дека локалната самоуправа, вложува постојано во спортското здравје на учениците, потенцирајќи дека Општина Карпош е позната по одржувањето на училишните спортски лиги во фудбал, кошарка, ракомет и одбојка.

Ние како локална самоуправа, му придаваме големо значење на спортот како физичка активност преку која младите основци ќе се изградат во здрави личности.Особено сме горди, што токму ученици кои учеле во некое од училиштата кои се наоѓаат на територијата на Карпош, денес се врвни спортисти, било во индивидуалните или во некој колективен спорт. Практикувањето на спортска активност освен што позитивно влијае врз психофизичкиот раст и развој на основците, исто така им создава дисциплина, почитување на ред, преземање на одговорност и чувство на припадност кон колектив, напомена Поповски.

Локалната самоуправа и во иднина, ќе го одбележува овој Ден на спортот и мирот, преку организирање на пригодни настани, со кои освен што ќе се даде на значење на спортот, исто така ќе се мотивираат што повеќе деца и млади основци да се занимават со спортот како хоби или професионална активност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи