А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Светски ден за побезбеден интернет – препораки за возрасните и за децата

by А1он05/02/2019 - 11:15158
Share0

Балансирајте го времето поминато во онлајн светот, прво прочитајте па прифатете, говорот на омраза не е опција, се дел од препораките што ги објави Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), по повод Светскиот ден за побезбеден интернет – 5 февруари.

Добивај вести на вибер

– Денот ниту почнува, ниту завршува со интернетот, иако на дел од нас ни се чини дека е така. Во текот на денот има и треба да има и многу други офлајн активности кои ќе ги правиме заедно со нашите деца. Научете се себе си, а со тоа и децата дека поминувањето слободно време и забава на интернет доаѓа како награда по сработените задачи и активности. Не може да очекувате детето да изгради однос и баланс во користењето на мобилниот телефон или компјутерот, доколку вие 24 часа типкате на вашиот телефон или таблет. Бидејќи детето ќе го следи вашиот пример и ќе смета дека седењето на интернет е правило кое треба да се применува во текот на целиот ден, стои во препораките.

Пред да се стисне копчето „прифати“ (accept), како што се укажува, потребно е да се прочитаат условите под кои се симнува одредена апликација или се инсталира некоја програма. На истите правила уште од мали треба да др научат и децата за да разберат дека имаат и сносат одговорност за своето однесување додека се во онлајн сферата.

– Главен предизвик е како да израснеме идни генерации кои ќе знаат како правилно да се однесуваат на интернет, да се внимава детето да не биде жртва на врсничко насилство на интернет, но истовремено и да не биде предизвикувач или причина за некое друго дете да биде вознемирувано, омаловажувано или малтретирано, наведуваат од Институтот.

Препорачуваат и дека е неопходно воведување образование компатибилно со дигиталната ера и формална медиумска едукација, подигање на свеста за користењето на апликации и софтвери за родителска заштита, активности за справување со лажните вести, развивање вештини каде треба децата да пребаруваат за да најдат точни информации, добивање реална слиука за инфлуенсерите, јутјуберите и гејметрите.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во првото тримесечје од минатата година, 79,3 проценти од домаќинствата имале пристап на интернет од дома. Во истиот период од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 79,2 процента, а 68,7 проценти го користеле секој ден или речиси секој ден. Мобилниот телефон или паметниот телефон биле најкористени средства за пристап до интернет кај корисниците на интернет во овој период, а најмногу кај лицата на возраст од 15 до 24 години (91,8 проценти).

internet

Би можело да ве интересира

Македонија има најбрз интернет во регионот

Катерина Ѓуровски07/08/2024 - 09:24

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он03/05/2024 - 19:5303/05/2024 - 19:54

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески16/12/2023 - 14:2016/12/2023 - 14:30

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески14/12/2023 - 13:5514/12/2023 - 16:10

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски05/09/2023 - 11:0905/09/2023 - 17:05

Прекин во мрежата на Телеком: „Градежни работи ги оштетиле каблите на различни локации“

А1он17/08/2023 - 11:0717/08/2023 - 11:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен