Светски ден против злоупотреба на детскиот труд

Од:

Светот денеска го одбележува Меѓународниот ден за борба против злоупотребата на детскиот труд.

Фокусот годинава е ставен на злоупотребата на децата во синџирите за набавка. Според Меѓународната организација на трудот, 168 милиони деца работат во сите сфери, од земјоделство до производство и градежништво.

Како што соопшти Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, во Македонија, над 18.500 деца не одат во школо, а повеќе од 2.000 секојдневно се на улица, во нечовечки услови и нивниот труд се злоупотребува. Овие деца се од различни националности и возрасти, но најбројни се Ромите.

Потенцијални жртви се децата од сиромашни семејства или од фамилии со низок социјален статус.

„Меѓаши“ бара задолжително и бесплатно предучилишно образование за децата чиј труд е потенцијално во ризик од злоупотреба.

– Со години укажуваме дека државата треба овие деца да ги вклучи во училиште и на тој начин да им помогне да стекнат знаења, вештини, да се описменат, да се тргнат од заробеништвото во кое се наоѓаат. Доколку се вклучат во образовниот процес и им се дадат социјални бенефиции, шансите се големи да се преместат од крстосниците во школските клупи. Образованието ги оспособува децата да стекнат знаење за нивните основни права и да го сфатат својот потенцијал, наведува „Меѓаши“.

Едно дете вклучено во раните години во предучилишно образование, ќе значи, укажува Амбасадата, едно дете помалку на улица.

Би можело да ве интересира

Украинци погодија автобус што превезуваше белоруските деца од фудбалски тим

Горан Наумовски

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

УНИЦЕФ: Загадениот воздух, сушите и топлотните бранови – главна закана за децата во Македонија

Горан Наумовски

Левица: Додека ДПМНЕ пропагира многудетни семејства, секое трето дете во Македонија е сиромашно

Иран: Во американските и израелските напади загинаа 208 деца

Зеленски е критикуван поради страдањето на деца во Донбас