Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на старите лица 1 Октомври, Црвениот крст на град Скопје денеска ќе презентира мерки и активности насочени кон модернизација и стандардизација на услугите за старите лица.
Како што соопштија од Црвениот крст, на средбата ќе бидат истакнати услугите кои оваа органзиација им ги нуди на старите лица и кои во се планирани да бидат воведеи во иднина, а се резултат на меѓународната соработка со партнери од другите Национални друштва на Црвениот Крст, како и на дополнителни проекти за геронтолошки сервиси.
Светскиот ден на старите лица ќе биде одбележан и со низа други активности како организирање Чи Конг семинар и ликовна колонија за активни стари лица, Заедничка средба на службите за социјална заштита на град Скопје и град Нинберг, размена на искуства – Домашни посети на стари лица од тимови на Црвен крст Нинберг и Црвен крст на град Скопје, како и средба на тимовите на австрискиот и црвените крстови на град Скопје и на Нинберг за унапредување на сервисите за стари лица.
Црвен крст на град Скопје осма година по ред го имплементира социјалниот сервис ,„Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ преку кој се посетуваат 180 стари лица во домашни услови на подрачјето на општините Центар, Кисела Вода, Чаир, Ѓорче Петров, Карпош, Шуто Оризари, Бутел и Сарај, а за активните стари лица функционираат три дневни центри за стари лица.
Овие услуги се даваат од страна на пет медицински сестри, 12 волонтери, четири лица одговорни во дневни центри за стари лица и координатор.