Светски ден на срцето

Од:

Институтот за јавно здравје на Република Македонија, со поддршка на Министерството за здравство, денеска ќе го одбележи Светскиот ден на срцето – 29 септември.

Светскиот ден на срцето годинава се одбележува под мотото „Избори за здраво срце за секого, секаде“. За таа цел од 10 до 14 часот во Градскиот парк во Скопје, кај Школка ќе има бесплатни превентивни прегледи, ќе се дистрибуира пропаганден материјал со содржини за правилни избори за здраво срце, ќе има ликовна работилница и изложба на детски цртежи посветени на срцето и здравите навики.

Организацијата на настанот е во соработка со НВО Здрава иднина, здружение за превенција од кардиоваскуларни болести, а ќе учествуваат и претставници од други здравствени установи.

Би можело да ве интересира

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните