Светски ден на хроничната опструктивна белодробна болест

Од:

Институтот за белодробни заболувања и туберколоза денеска под мотото „Не е предоцна“ ќе го одбележи Светскиот ден на хроничната опструктивна белодробна болест.

За таа цел ќе бидат организирани бесплатни превентивни прегледи  преку тестови за мерење на функцијата на белите дробови и ќе се делат пропагандни материјали.

Хроничната опструктивна белодробна болест е една од најчестите болести со смртен исход. Се карактеризира со ограничен проток на воздух низ дишните патишта.

Во светот околу 50 милиони лица боледуваат од ХОББ, а секоја година околу три милиони умираат од оваа болест. Според податоците на Светска банка, денес ХОББ е трета водечка причина за смрт во светот, веднаш по срцевиот и мозочниот удар.

Би можело да ве интересира

Клековски: Дополнителната работа на лекарите вработени во јавното здравство не треба да е хаотична, анархична и со можности за злоупотреби

Пристигнаа сто нови возила за итната помош, се унапредуваат условите за иницијален третман на пациентите уште при транспортот

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски