А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Светски ден на безбедноста и здравјето при работа

by А1он28/04/2019 - 09:1029/04/2019 - 01:25375
Share0

Ширум светот денеска се одбележува 28 Април – Светскиот ден на безбедноста и здравјето при работа, а Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) порачува дека обезбедувањето на здравите и безбедни услови за работа за работниците се приоритет во нивниот ангажман.

Добивај вести на вибер

-Безбедните услови во компаниите се основна претпоставка за непречено вршење на работните задачи на работниците, затоа што тие се гаранција за зачувување на животот и здравјето на работниците, подобрување на работењето и зголемување на продуктивноста на трудот во компаниите. Здравите и безбедни услови за работа се заедничка активност и трипартитно единство на сите социјални партнери во државата кои по пат на меѓусебно координирана акција треба да придонесат за унапредување на целокупниот систем за обезбедување сигурни и безбедни услови за работа, велат од ССМ.

Потсетуваат дека по пат на социјален дијалог, со активно учество и на ССМ е донесена Националната стратегија за БЗР 2016–2020, како и Акцискиот план, а во државата функционира и Национален совет за БЗР како трипартитно експертско и советодавно тело за БЗР.

-Примарна е одговорност на работодавачите за обезбедување здрави и безбедни услови за работниците во работните средини, но исто толку се одговорни и работниците. Тоа значи дека работодавачите се должни да инвестираат во безбедни технологии, во унапредување на условите на работните места и во превенцијата на професионалните болести и повреди на работа. Работниците, исто така имаат еднакво важна и одговорна улога во обезбедувањето здрави и безбедни услови за работа, во оваа насока ССМ се залага за уредување на прецизна, конкретна и активна улога на претседателот на синдикалната организација и претставникот на вработените за безбедност и здравје во компаниите, посочуваат од Синдикатот.

Оваа година, додаваат, се преземаат активности за согледување на состојбата од примената на Законот за БЗР, односно врз основа на предлозите и согледувањата на социјалните партнери ќе се заземе став дали законот треба да се менува или е потребно донесување нов Закон за БЗР.

-Во ССМ во тек се активности за согледување на состојбите од примената на Законот за БЗР пред се во компаниите и врз основа на добиените податоци ССМ ќе го даде својот предлог во врска со потребните измени на законската регулатива во оваа област. Истовремено став на ССМ е и дека целосното остварување на правата од аспект на обезбедување здрави и безбедни услови за работа зависи од унапредување на колективното договарање првенствено во компаниите. Мал е бројот на колективни договори (КД) на ниво на работодавач или КД на ниво на гранка, односно дејност кои ги регулираат овие прашања. Наша цел во наредниот период ќе биде да се унапреди колективното договарање во овој правец, односно ќе се залагаме сите прашања за БЗР да бидат опфатени и регулирани со КД, прецизираат од ССМ.

Нагласуваат дека е значајна и соработката и заедничките активности со инспекциските органи, граѓанскиот сектор, научната и стручната јавност.

-ССМ е отворен за соработка и заедничко делување со сите институции одговорни за креирањето на безбедни работни услови за работниците. Во таа смисла претставници на ССМ учествуваа на голем број работилници, форуми и советувања во врска со прашањата за БЗР. Перспективно социјалните партнери и граѓанскиот сектор треба да се ангажираат за зголемување на сопствените капацитети и подигнување на јавната свест за потребата од подобрување и унапредување на безбедноста и здравјето при работа. Тоа ќе биде наш приоритет во наредниот период и во таа насока ССМ ќе продолжи со континуираната активност за оспособување на членството и синдикалните раководства за сите прашања од аспект на БЗР, потенцираат од ССМ.

bezbednost pri rabotarabota

Би можело да ве интересира

Неготинец остана без 77.500 денари, бил жртва на вешт измамник

Горан Наумовски11/04/2025 - 12:48

Светскиот ден на безбедност и здравје при работа во знакот на коронавирусот

Ана Ололовска28/04/2020 - 12:0028/04/2020 - 12:00

За 25 проценти зголемени повредите на работа во 2019 година

Ана Ололовска28/04/2020 - 11:11

Мемети: Зголемен бројот на поплаки за вознемирување на работното место

Татјана Ташкова10/11/2019 - 12:46

Лани 33 работници загинале на работното место, најголем дел во земјоделството и во градежништвото

Татјана Ташкова28/04/2019 - 14:0529/04/2019 - 01:20

Потпишана новата четиригодишна Национална програма за достоинствена работа

Ана Ололовска06/03/2019 - 13:05
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен