Светски ден на белиот стап

Од:

Со дефиле од плоштадот „Македонија“ до домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ денеска ќе почне одбележувањето на Светскиот ден на Белиот стап – 15 Октомври, во организација на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија (НССРМ).

На дефилето ќе учествуваат Бели стапчиња со маички со лого на НССРМ, каде ќе се делат флаери со текст за белиот стап како сообраќаен знак согласно Законот во Република Македонија.

Во рамки на одбележувањето ќе биде промовирана и книгата „Мојот живот без вид“ од Димитар Дерменџиевски, а уредена од Михаил Белдедовски. Авторот е основач и прв претседател на Сојузот на слепите на Република Македонија, борец за достоинството и за правата на слепите лица, за националните права на македонскиот народ меѓу двете Светски војни, учесник во НОБ и доследен борец за слободна, независна и самостојна држава Македонија.

Во холот на „Даре Џамбаз“ ќе биде отворена изложба на тифло-технички помагала и ракотворби од слепи лица.

Националниот сојуз на слепите во Македонија делува од 1946 година, со цел да ги подобри условите за живот и работа на слепите лица, како и нивна социјализација и интеграција во општествената заедница. Во него членуваат повеќе од 2.500 слепи лица.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска