Светот ја испраќа старата и ја пречекува Новата 2018

Од:

Милиони луѓе во светот на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови или во семејна атмосфера во домовите, ќе ја испратат 2017 и ќе ја пречекаат Новата 2018 година.

Град Скопје оваа година нема да има традиционална новогодишна прослава, а планираните средств за организирање на пречекот, ќе бидат донирани за социјални цели.

Во организација на општина Центар, на сквер „Јадран“ ќе има новогодишна прослава под мотото „Нова Година-нови насмевки“. Напладне ќе биде организиран новогодишен турнир во шах, а од 21 часот започнува музичката програма со Некст Тајм, Ај Кју, Тамара и Кристина Арнаудова.

Прославата ќе има хуманитарен карактер и средствата ќе бидат наменети за 16-годишно момче кому му е потребна итна операција за пресадување на коскена срцевина во Италија.

Новата 2017 година први ќе ја пречекаат жителите на тихоокеанските острови Тонга, Кирибати и Самоа. Последни ќе ја испратат 2016 жителите на Американска Самоа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Лондон, Њујорк, Париз, Дубаи спектакуларно влегоа во 2026

Катерина Ѓуровски

Дваесет и една препорака на ИЈЗ за претстојните празници во врска со прејадување, алкохол и користење пиротехника

(ВИДЕО) Спектакуларен огномет во Сиднеј: Австралија ја пречека 2026 година

Горан Наумовски

Нов Зеланд ја дочека Новата година со огномет

Самоа и Киритимати први ја дочекаа 2026 година

Горан Наумовски

Новата година патува низ светот: 2026 први ја пречекуваат Кирибати, последни Американска Самоа, Бејкер и Хауленд