А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Светот ги поддржува санкциите на ОН, Македонија неодлучна

by А1он14/09/2015 - 13:4568
Share0

Светската јавност е понаклонета кон поддршка на санкциите на ОН, покажа четвртата годишна глобална студија на ВИН/Галуп Интернешенел на јавното мислење, годинава осврнувајќи се на легитимноста на процесот на наметнување санкции од страна на Обединетите нации.

Добивај вести на вибер

Резултатите од истражувањето покажуваат дека од над 60 илјади интервјуирани лица од 61 држава, во 49 земји побројна е јавноста која е склона да ги поддржува санкциите во однос на делот на јавноста која не е склона да ги поддржува санкциите. Во 11 земји поголем е делот од јавноста која не е склона да ги поддржува санкциите во однос на оние кои ги поддржуваат.

– Македонија е единствената држава каде делот на јавноста која е склона да ги поддржува санмкциите е изедначен со делот на јавноста која не е склона да ги поддржува санкциите на ОН, стои во извештајот.

Во Македонија од 1.204 испитаници, резултатите покажуваат дека е единствена земја од сите 61 анкетирани во светот, кај која популацијата во еднаква мера се спротивставува со 38 проценти и ги поддржува со 38 проценти санкциите на ОН, што ја прави, се посочува, единствена во светот која е неодлучна по ова прашање.

Санкциите на ОН најмногу ги поддржуваат во Ерменија, Јужна Кореја, Финска, Австрија, Виетнам, Португалија, Либан, Италија, Украина и Германија. Најмногу се спротивставуваат во Тајланд, Индонезија, Кина, Мароко, Панама, Аргентина, Колумбија, Филипини, Палестински територии и Србија.

Резултатите од истражувањето за Балакнот покажуваат дека има сигнификантна разлика меѓу земјите кои имале проблем и биле предмет на наметнување санкции од страна на ОН и оние кои не се соочиле со такви проблеми. Така земји од Балканот со најнизок ранг за наметнување санкции од страна на ОН се Косово со 9 проценти, Македонија со нула и Србија со 5 проценти, додека со највисок се Романија плус 17 проценти, БиХ плус 25, грција + 27 и Бугарија +41.

on

Би можело да ве интересира

Бербок избрана за претседателка на Генералното собрание на ОН

А1он02/06/2025 - 17:30

Пендаровски во ОН: Одговорно визионерско лидерство, поголема емпатија, соработка и солидарност

А1он23/09/2021 - 18:03

Одобрени приоритетите за соработка меѓу С. Македонија и ОН за 2021-2025

Ана Ололовска03/07/2020 - 14:4803/07/2020 - 17:52

Заев: Пред 27 години нашата државност, посебност, нашиот идентитет и култура беа признаени и верификувани од целата меѓународна јавност

Ана Ололовска08/04/2020 - 12:22

Спасовски: Поминавме многу премрежја во минативе 27 години, да останеме обединети, силни и посветени и во овие тешки моменти

Ана Ололовска08/04/2020 - 10:4508/04/2020 - 10:45

Дваесет и седум години од приемот на земјава во ОН

Ана Ололовска08/04/2020 - 10:26
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен