Светомир Шкариќ: Нови избори најверојатено за три месеци

Од:

По исцрпувањето на целата листа, Собранието може да распише нови избори, а целата процедура може да заврши за најмногу три месеци, но и порано, вели за Радио Слободна Европа, професорот по уставно право Светомир Шкариќ.

Со поднесувањето на оставките од страна на опозицијата се разрешува дилемата што понатаму, категоричен е професорот по уставно право Светомир Шкариќ. Откако Собранието ќе ги констатира оставките, ја известува Државната изборна комисија за бројот на празни пратенички места, по што, пак, комисијата им предлага на останатите од листата да се изјаснат дали ги прифаќаат местата. По исцрпувањето на целата листа, Собранието може да распише нови избори, а целата процедура може да заврши за најмногу три месеци, но и порано, објаснува Шкариќ.

„Овде ситуацијата е многу јасна. Опозицијата е тука цврста и јасна, се откажува од пратеничките мандати, нивните оставки се морално-политички чин, никој не смее ни да праша зошто, не смее да ги оспорува, тоа е нивна лична волја и со тоа на парламентарното мнозинство му прави голема услуга. Тоа може да ги преземе сите дејствија предвидени со Изборниот законик за пополнување на тие места“, вели Шкариќ.

Парламентарното мнозинство треба да постапи според изборниот законик, претседателот на Собранието овластен за распишување на изборите треба да ги преземе потребните дејствија, за да може Собранието да работи во полн состав после два месеци. На дополнителните избори може да се јави секоја партија или независни кандидати, објаснува Шкариќ. Ако од опозицијата не се јават на тие избори, ќе се јават други партии од владејачкото мнозинство и пак ќе се пополни Собранието. А дали и каква опозиција ќе имаме по изборите, дали таа ќе биде квалитетна или декорна е друго прашање, вели Шкариќ.

Би можело да ве интересира

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ

Локални избори во Брвеница: Радически води со 1.145 гласови, пред Хусеини со 618

ДИК почна да ги објавува првичните резултати од гласањето: Радически има 891 глас, Усеини 438, Радески 226