Светиниколскиот Кризен штаб со нови информации за граѓаните за Велигденските празници

Од:

Општинскиот кризен штаб на Општина Свети Николе на денешниот состанок информираше дека за време на продолжениот викенд за Велигденските празници сите земјоделци фармери, сопственици на пластеници, пчелари, кои не се регистрирани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кога има забрана за движење согласно мерката на Владата и на Министерството за здравство, можат да се движат за временски период од 6 до 9 часот наутро и од 17-19 часот попладне по претходна најава за движење за наредниот ден на телефонскиот број 075/421-181. Најавувањето за движење е во термин од 9-15 часот.

–За време на продолжениот викенд рестораните можат да ја обавуваат дејноста со претходно поднесено барање до Кризниот штаб на општината и негово одобрување . Доставата на храна можат да ја извршат во временски термин од 10-18 часот во сабота, недела и понеделник претстојниот викенд. Барањата се поднесуваат до Општина Свети Николе до 16.04.2020 година до 12 часот, вели градоначалникот на Општина Свети Николе, Сашо Велковски.

Тој истакна дека маркетите исто така можат да ја извршуваат дејноста за време на забраната за движење со поднесување барање до Кризниот штаб и негово одобрување. Дистрибуцијата на прехранбените артикли ќе биде во временски термин од 10-14 часот истиот ден. Барањата се поднесуваат до Општина Свети Николе до 16 април до 12 часот.

Воедно, апелира до сите граѓани на општината да ги почитуваат мерките и препораките на Владата во врска со превенцијата и заштитата од корона вирусот.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Невремето направи штети во светиниколско

Катерина Ѓуровски

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците