Свеќаровска: Градот не се улиците и зградите, градот сме ние, луѓето

Од:

Средбата со граѓани во Кочани, на која присуствуваше лидерот на Левица, Димитар Апасиев, кандидатката за градоначалник, Жаклина Свеќаровска и кандидатите за советничка листа започна со едноминутен молк во чест на жртвите во дискотеката „Пулс“ од 16 март годинава.

Свеќаровска, на почетокот на средбата, истакна дека и била потребна голема сила за да се кандидира за градоначалник на овие локални избори за да не ги изневери, како што вели, „очекувањата на нашиот град со нож во срцето“.

„Ја најдов во гневот што децении пламти и во мене, како во секој чесен човек што ниту прекршок во сообраќајот нема направено, а сме казнети да живееме во беззаконие и безредие. Да, точно е дека револтот е голем а довербата речиси ја нема, но, гневот е загушен. Од стотици луѓе на вчерашниот марш бевме неколку десетици. Половина од родителите и роднините не учествуваат. Ги замолчаа со вработувања на атрактивни, добро платени работни места. Тажно, претажно. И животите на децата имале цена“, рече Свеќаровска.

Зборувајќи за состојбите во Кочани, денес, беше истакнато дека младината е побегната, градот е затрупан во ѓубре, по улиците се движат глутници бездомни кучиња, а сообраќајот е во хаос.

„За сето тоа има решение и ќе биде решено. Но, најважно е на народните изесници да им ставиме на знаење дека градот не се улиците и зградите, туку градот сме ние, луѓето“, рече Свеќаровска и додаде дека ќе го вложи секој атом енергија да си го вратат градот, да си го вратат достоинството и човечноста.

„Не постои ништо што би ме поколебало. Одговорност мора да има! Правда мора да има! Време е не профитот, туку благосостојбата на граѓаните да биде на прво место. На 19 октомври да излеземе и да си дадеме поддршка, да гласаме за бројот шест. Нека проговори народот“, заврши таа.

Би можело да ве интересира

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Левица: Од калкулации до амнезија, Мицкоски го поништи сопствениот став и ноншалантно на граѓаните им ги препушти калкулациите како да се снајдат за преживување

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ДПМНЕ

Горан Наумовски