(ВИДЕО) Сведоштво: Бабата и дедото се обиделе да ги спасат внуците од пожарот

Од:

Бабата и дедото се обиделе да ги спасат внуците од пожарот во Тетово, сведочи роднина на семејството Зулбеари, во чија куќа утринава се случи трагедија.

Тетовецот Фетиш Алиу вели дека во 4 часот изутрината разбрал дека избувнал пожар во куќата на неговите роднини.

„Свекорот и свекрвата се обиделе да ја спасат снаата и четирите деца, но не успеале поради силниот пламен“, вели Алиу.

Сè уште не се знае причината за пожарот кој избувнал изутрината пред 5 часот во домот на семејството Зулбеари.

Постојат сомнежи дека настанал или од печката на дрва на којашто се затоплувале или, пак, од неисправна инсталација.

Во огнената стихија која го зафатила нивниот семеен дом на улицата Гоце Делчев успеале да се спасат свекорот и свекрвата, кои спиеле на долниот кат од куќата.

Тие успеале навреме безбедно да го напуштат домот кој бил зафатен од огнените јазици. Во моментот кога се случила трагедијата мајката била сама со нејзините деца на горниот кат од куќата, додека нејзиниот сопруг бил на работа.

Како што дознава А1он, во пожарот ги изгубиле животите деца на возраст од 6, 9, 12 и 14 години.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан