Јанакиески и Божиноски не дале насока за насилни протести, а Рангелова не контактирала со нив, сведочеше осуден во „Шамарите“

Од:

Сведокот Томислав Лазаров кој е осуден во случајот „Насилство во Центар“, а денеска сведочи за денот на протестите и што претходело на истите, пред судот рече дека како што тој известувал што се случува на седницата во Општина Центар, така се зголемувале тензиите пред бараките.

Даниел Рангелова како советник во Општина Центар немала комуникација со обвинетите во случајот, кажа Лазаров, по што дополни дека таа постојано реагирала и негодувала кога тој се обидувал да ја оддолжи седницата за да не се изгласа дневен ред.

„Тоа го напоменав и во исказот во кој што наведов дека ниту еден од останатите членови на советничката група предводена од ВМРО-ДПМНЕ ниту имал ингеренции, ниту пак, претпоставувам сакал да ги има за ваков настан. Даниела Рангелова постојано реагираше со негодување на сите мои укажувања, пренесувња на информации дека седницата треба да трае подолго за да не се усвои дневниот ред. Јас седев до неа на двете седници и имав можност колку-толку да видам со кого комуницира. Поголемиот дел од комуникациите на Рангелова беа со нејзиното семејство, но не и со лицата кои претходно ги споменав, а јас ги известував”, рече Лазаров на прашање од Рангелова дали ќе се согласи дека таа не учествувала во организација на протестите и не контактирала со Јанакиески и Божиновски.

Осудениот сведок Лазаров, посочи дека немало насока од Јанакиски и Божиновски, кои ги спомена претходно, не било споменато дека протестите треба да бидат насилни.

„Никој немаше добиено таква насока, во однос на партиската организираност на протестите, во ниту еден момент не беше воопшто споменато дека протестите треба да бидат и насилни”, рече Лазаров на прашање од адвокат кој дополнително кажа дека не ги познава Дарко Стојчевски, Даниел Трипуновски и Трајче Петковски кои се обвинети во истиот случај.

За Јанакиески немал писмено известување дека е координатор на општинскиот комитет, чиј претседател во тоа време, бил самиот Лазаров.

„Мене како на претседстел освен дека сум именуван, а со тоа и член на ЦК немам друго писмено известување. Немав писмено известување за тоа кој е координатор на општински комитет. Кажав дека лично од страна на Миле Јанакиески дека тој ќе биде тоа. И кога беше направена промена на координатор, исто усно ми беше кажано. Тоа е по овие настани”, сведочеше Лазаров.

Би можело да ве интересира

И Врховен суд му ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Ана Ололовска

Апелација ја потврди затворската казна за Груевски за „Насилство во Центар“

Миланов не е задоволен од пресудата за Јанакиески, најави жалба

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Шамарите”

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Затворска казна за Груевски, а условна за Јанакиески и извршителите за „Насилство во Центар“

Кристијан Ландов

Јанакиески бара ослободителна за „Шамарите“: Груевски замина, Рангелова ослободена и остана Миле да биде виновен