Сведок од „27 април“ земал пари за да запира предмети во Обвинителство, вработен во АНБ го придружувал

Од:

Сведокот од предметот за организаторите на 27 април, Михаел Младеноски доби 8-дневен притвор како осомничен дека изнудувал рекет од пријател, за преку вработени во Обвинителството за организиран криминал и корупција да запре постапка која се водела против него. Тој од вчеравечер е во истражниот затвор „Шутка“, поради опасност од бегство, дознава „А1он“. Мерки на претпазливост добил и вториот осомничен, Вилијам Секл. Тие се гонат за лажно претставување и измама. Постојат информации дека едно од лицата е вработен во Агенцијата за национална безбедност, но оттаму тврдат дека нема негова инволвираност во настанот.

„ На 04.11.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за криминалистичка полиција до ОЈО Скопје, поднесоа кривична пријава против М.М.(32) и В.С.(31). Против М.М. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик, а против В.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно претставување“ предвидено и казниво по член 391 од Кривичниот законик. Имено, првопријавениот М.М. во текот на 2020 и 2021 година, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, пред оштетените лица лажно презентирал факти дека наводно поседувал информации според кои ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води постапка против повеќе физички и правни лица. Притоа, за да го увери во вистинитоста на своите тврдења, на еден од наводно осомничените во таа постапка му прикажал Наредба со невистинита содржина, која ја изработил на својот приватен компјутер, за наводно отварање на предистражна постапка од страна на ОЈО за ГОКК, со што го довел во заблуда оштетеното лице. Тој од него побарал парична награда од 75.000 евра кои ќе му бидат исплатени во неколку наврати за да ги искористи своите конекции и врски што наводно ги имал со службени лица – истражители во обвинителството за да се запре постапката. М.М. служејќи се со лаги и манипулации го навел оштетениот да му даде 5.000 ЕУР кои ги зел на 03.11.2021 на нивна средба во угостителски објект во Скопје со што го сторил кривичното дело „Измама“, предвидено и казниво по член 247 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик. Второпријавениот В.С., со намера првопријавениот да прибави противправна имотна корист, на средба која се одржала помеѓу пријавените и оштетениот, лажно се претставил како вработен во Управата за финансиско разузнавање, а воедно и истражител во ОЈО за ГОКК, со што му овозможил на првопријавениот да го доведе во заблуда оштетениот дека М.М. има конекции, преку кои можел да издејствува да биде затворена наводната предистражна постапка, со што го сторил кривичното дело „Лажно претставување“, предвидено и казниво по член 391 од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Од Кривичен суд велат дека на двете лица се одредени мерки. За лицето вработено во АНБ бил повлечен предлогот за притвор, додека другото лице добило притвор.

„По спровод на двете лица во Кривичниот суд, на рочиштетo за одлучување по поднесениот предлог, надлежниот Јавен обвинител го повлече предлогод за едното лице и предложи поблаги мерки за обезбедување присуство.Судија на претходна постапка, одлучувајќи по предлогот донесе решенија со кои го прифати предлогот и на М.М. му определи мерка притвор во траење од 8 дена, со оглед да се работи за скратена постапка, додека на В.С. му определи мерки за претпазливост и тоа одземање на патната исправа и обврска лицето повремено да се јавува пред надлежен суд“, велат од Кривичен суд.

Агенцијата за национална безбедност демантира дека се апсени нејзини вработени, иако според информации на „А1он“, вработен во Агенцијата е еден од спроведените во Кривичен суд.

„Постапувајќи согласно одредбите ЗКП, Агенцијата овозможи пристап и увид до сите барани податоци од страна на Судот во претходна постапка при што неспорно се утврди дека не постојат никакви податоци или документи кои би можеле да упатат на каква било инволвираност на вработени во АНБ во случајот“, велат од Агенцијата.

Од иницијалите кои ги изнесе Министерството за внатрешни работи, се потврдува и неговиот идентитет.

„На 04.11.2021 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) во координација со Одделот за криминалистичка полиција (ОКП) до ОЈО Скопје, поднесоа кривична пријава против М.М.(32) и В.С.(31). Против М.М. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело измама, а против В.С. поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело лажно претставување, предвидено и казниво“, велат оттаму.

Инаку, Михаел Младеноски беше обвинет и амнестиран во првиот предмет за „27 април“ кој беше отворен за извршителите на крвавите инциденти. Во вториот предмет, за организаторите, тој беше и сведок по предлог на обвинителката Вилма Русковска.

Би можело да ве интересира

Лажен агент на АНБ со закани од бизнисмен зел пари, автомобили, мобилни телефони и накит

Ковачки: Зарко Милошевски го заташкува случајот со Онишченко

Катерина Ѓуровски

Прекината седницата на собраниската Комисија за надзор на работата на АНБ, не се појави никој од Агенцијата

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Зарко Милошевски не е нов лик во АНБ, туку продолжена рака на екс директор Димовски и Зечевиќ

Зарко Милошевски e нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Горан Наумовски

Без консултација со партнерите од НАТО дадена е согласност за државјанството на Онишченко, АНБ ја лоцираше одговрноста кај поединец

Катерина Ѓуровски