Сведочењето на обвинителот Бурим Рустем од СЈО за случајот „Рекет“ во ОЈО е одложено за утре поради денешното рочиште за предметот „ТНТ“ каде тој го застапува обвинението.
Рустеми потврди дека исказ за „Рекет“ наместо денеска ќе даде утре во 12:30 часот.
Во Обвинителството за организиран криминал од почетокот на неделава искази за случајот „Рекет“ дадоа специјалните обвинителки Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска.
Обвинителката Лиле Стефановска заедно со нејзината шефица Катица Јанева беа спомнати во снимените разговори и видеата што ги објави интернет изданието на италијанскиот весник „Ла Верита“, а во врска со случаите „Рекет“ и „Империја“.
Од ЈО засега не откриваат дали и кога ќе биде повикана и Јанева.