(ВИДЕО) Другарите на Пино Секондо: Ангела бараше помош од Пино за да стават некого во гепек, а тој ја одби

Од:

Другарите на убиениот Пино Секондо денеска сведочеа во Кривичниот суд, каде што обвинета е Ангела Ѓорѓиевска.

dobivaj vesti na viber

Мартин Јаневски, кој бил со Пино на неговиот роденден, сведочеше дека Ангела му се јавила на Пино вечерта на роденденот.

„Сакала да се тепа со некои девојчиња и и требала некоја кола за да ја стави таа особа во гепек”, рече Јаневски.

Пино на ова рекол дека нема пари и гориво да оди во Ѓорче, бидејќи било доцна навечер, а и не му се влегувало во проблеми, сведочеше Јаневски. Тој веднаш по исчезнувањето  на Пино ѝ пишал на Ангела за да се распраша за случајот, а таа одговорила дека не е информирана и по некое време го блокирала.

„Ми изгледаше чудно што не сакаше да помогне да го најдеме”, рече тој одговарајќи на адвокатско прашање. Јаневски се распрашувал кај луѓето кои ја познавале Ангела.

„Едно девојче кое учело заедно во основно училиште со Ангела ми рече дека е многу ризично човек да се дружи со Ангела, бидејќи е спремна на се, па и на убиство”, рече Јаневски.

За цело тоа време Јаневски никогаш ја немал видено Ангела лично, но распрашувајќи се за неа добил впечаток дека таа се дружи со девојки кои употребуваат со психотропни супстанци.

Друг другар на Пино, Божидар Спасовски, денеска сведочеше дека Ангела првпат ја гледа во живо во судницата.

„Пино еднаш ми ја има покажано Ангела на слика”, рече Спасовски одговарајќи на адвокатско прашање.

„Со Пино Секондо бевме како браќа. Тој секој втор ден знаеше да наврати кај мене. Знаевме да излеземе и на кафе, ама повеќе сме се занимавале со автомобили. Тој беше прекрасен човек и незаменлив другар”, рече Спасовски.

Одговарајќи на адвокатско прашање рече дека не знае ништо во врска со убиството на Пино.

Судијката Ленка Давитковска следното рочиште го закажа за 17 февруари.

Пино Секондо беше убиен на 11 декември 2018 година. Ангела Ѓорѓиевска е обвинета дека во убиството му била соучесник на првообвинетиот Фуркан Али кој е во бегство и по него е распишана меѓународна потерница. Остатоците од телото на Секондо беа случајно пронајдени кон крајот на април минатата година.

Би можело да ве интересира

Апелација и намали три години од казната на Ангела, осудена за убиството на Пино

Мајката на Пино бара доживотен затвор за осудената: Не застанувам тука

Кристијан Ландов

Повторно досудени 19 години за убиството на Пино, адвокатот на Ѓорѓиевска тврди дека е без докази

Кристијан Ландов

Мајката на Пино по одлуката на Апелација: Вода во пустина ќе најдеш ама правда во Македонија тешко

Кристијан Ландов

Укината 19-годишната затворска казна за убиството на Пино, Апелација одлучи дека има погрешно утврдени факти

Кристијан Ландов

Соизвршителката на убиството на Пино осудена на 19-годишна затворска казна

Кристијан Ландов