Свеченост за одбележување на Денот на АРМ

Од:

Во кругот на Генералштабот на АРМ и Министерството за одбрана денеска ќе се одржи свеченост за одбележување на Денот на Армијата на Република Македонија – 18 август.

На свеченоста ќе бидат прочитани наредби за унапредување, врачување на плакети, значки, благодарници и други стимулативни мерки за припадниците на Министерството за одбрана и ГШ.

На одбележувањето на Денот на АРМ пред присутните ќе се обрати началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, а ќе присуствуваат министерот за одбрана Зоран Јолевски, заменикот-министерот за одбрана Арбен Лабеништа, заменикот на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини, државниот секретар во МО Сашо Стефаноски, директорот на ГШ на АРМ генерал-мајор Димче Петровски, раководителите во МО, началниците на организациските единици во ГШ на АРМ…

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он