Свеченост по повод враќањето на мировниците на АРМ од Авганистан

Од:

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска во касарната „Кузман Јосифовски – Питу“ во Тетово ќе присуствува на свеченоста по повод враќањето на контигентот на АРМ од составот на Првата механизирана пешадиска бригада по шестмесечно учество во мисијата ИСАФ во Авганистан.

На свеченоста ќе присуствуваат и заменикот на Началникот на ГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, Командантот на Здружената оперативна команда бригаден генерал Методија Величковски, Командантот на Првата механизирана пешадиска бригада полковник Стојан Димчов, претставници на локалната самоуправа, роднините на припадниците од контингентот и други гости.

Во мисијата ИСАФ во периодот јануари – јули 2012 година, АРМ учествуваше со контингент од 149 припадници на Првата механизирана пешадиска бригада, кои заедно со најстариот национален претставник и штабните офицери, во Авганистан беа распоредени во составот на Британскиот контингент.

Контингентот на АРМ во изминатите шест месеци беше ангажиран за извршување на сложени задачи, како што се: целосно обезбедување на командата на ИСАФ во Кабул, обезбедување на објекти од витално значење за животот на населението во Авганистан, борбено обезбедување на комуникации и области во зоната на одговорност и друго.

Од страна на командата на ИСАФ и надлежните високи команди на НАТО, ангажирањето на припадниците на АРМ, во повеќе наврати беше високо оценето, што се должи на високиот степен на обученост, но и на покажаната храброст, компатибилност и оперативна способност за време на извршувањето на мисијата.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски