Свеченост по повод враќањето на македонските мировници од мисија во Авганистан

Од:

Во касарната Чеде Филиповски-Даме во Кичево денеска се одржа свеченост по повод враќањето на контингентот на АРМ од мисијата ИСАФ во Авганистан.

– Со оваа свечена церемонија им оддаваме достојно признание на нашите херои кои во изминативе шест месеци беа дел од вооружените силии во рамките на Мисијата ИСАФ во Авганистан. Пред шест месеци, кога како и денеска ве испраќавме заедно со вашите најблиски, од ова место порачавте дека ќе бидете смели, храбри, мотивирани, посветени и безпрекорни со цел поставената мисија да биде успешно завршена, нагласи во обраќањето на свеченоста заменик началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Насер Сејдини.

Покрај заложбите и силната определба на Македонија за активно учество во борбата против тероризмот како и членството на НАТО, основни предуслови за учество во мисијата, истакна, беа високиот степен на обученост, примената на стандардните оперативни процедури на НАТО и достигнатата интероперабилност на припадниците на АРМ.

Сумирајќи ги успесите од ангажманот на војниците во изминатите шест месеци, Сејдини истакна дека го издигнале рејтингот и угледот на современиот македонски војник уште повисоко на пиедесталот на најдобрите.

На свеченоста за враќањето на мировниците присуствуваа и државниот секретар во Министерството за Одбрана Сашо Стефаноски, градоначалникот на Кичево Благоја Деспотоски, старешини и роднини и пријатели на војниците.

Би можело да ве интересира

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба

СДСМ: Со Мицкоски и ВМРО нема поголеми плати ниту во Армијата

Мицкоски: Армијата денес е симбол на новото време

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски