Свеченост на првата пешадиска бригада на АРМ

Од:

Во касарната „Страшо Пинџур” во Петровец денеска ќе се одржи свеченост по повод Денот на 1. механизирана пешадиска бригада (1.мпбр). Ќе биде прогласена најдобра единица од составот на бригадата и доделени стимулативни мерки за постигнати резултати на припадници на 1.мпбр. Свеченоста ќе заврши со дефиле на единиците.

Најавено е присуство на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, државниот секретар во МО на РМ Елизабета Чуповска Ристова, заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Мухамет Рацај, командантот на Здружената оперативна команда генерал-мајор Васко Ѓурчиновски и други претставници од МО и ГШ на АРМ, поранешни команданти на бригадата, пензионирани генерали, командантите на  потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ, претставници од локалната самоуправа …

Со одлука на Претседателот на Република Македонија за определување денови на единиците на АРМ, за Ден на 1. мпбр е одреден 2-ри април, датум на кој овааа единица е трансформирана согласно новата организациско-формациска структура на АРМ. Со достигнувањето на оперативната готовност, 1.мпбр ги презеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во АРМ, во чии редови се наоѓаат припадници на АРМ од повеќе родови.

Би можело да ве интересира

Момче од Неготино е под истрага за загрозување на воените активности на АРМ

Во касарната во Петровец претставени 17 нови оклопни возила „страјкер“ набавени од САД

ВИДЕО: Во објекти од времето на Тито, професионалните војници топлат вода во кофи и јадат со лебарки, реагира Независниот синдикат

Потврдена e шуга кај двајца војници на обука во касарната во Велес

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Армијата е современа и усогласена со стандардите на НАТО

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и за злоупотреба на службена положба