Свечено дефиле во касарната „Илинден“ по повод Денот на победата над фашизмот

Од:

Во скопската касарна „Илинден“ денеска ќе се одржи свеченост по повод 9-ти Мај, Денот на победата над фашизмот.

На свеченоста ќе присуствуваат претседателот на Република Македонија и Врховен командант Ѓорге Иванов, началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Горанчо Котески, државниот секретар во Министерството за одбрана Сашо Стефаноски, активните и пензионираните генерали на АРМ, високи претставници на Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ, воени аташеа акредитирани во Република Македонија, борци од Народно-ослободителната борба, командантите на потчинетите команди и единици на ГШ на АРМ и други високи гости.

На свеченоста по повод Денот на победата над фашизмот, во касарната „Илинден“ ќе се обрати претседателот Иванов, а ќе се изведе и свечено дефиле. Покрај дефилето, ќе биде изложен дел од опремата, борбените средства и системи и материјално-техничките средства кои ги поседува АРМ.

Свеченоста ќе биде од отворен карактер, заради што влезот во касарната „Илинден“ во Скопје ќе биде слободен за сите граѓани на Република Македонија кои сакаат да присуствуваат.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

Објавени пораки на италијанските крајнодесничари: Ги споменуваат Хитлер, Евреите, воен удар

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд