Свечена заклетва на 32. генерација војници на доброволно служење во АРМ

Од:

Во Командата за обука каде е сместен и ЦИО Центарот за индивидуална обука при касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска свечена заклетва даде 32 тта генерација војници на доброволни служење во АРМ .

Во оваа генерација 2017 се 54 млади војници на доброволно служење во АРМ,меѓу кои и десет девојки.

Пред голем број гости, родители, роднини и пријатели како и високи претставници на ГШ на АРМ и Министерството за одбрана пред присутните се обрати и им ја честита свечено дадената заклетва на војниците командантот на Центарот за индивидуална обука потполковник Газменд Абдиу и заменик началник на ГШ на АРМ генерал мајор Мухамед Рацај. На свеченоста присуствуваше и министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

– По отслужувањето на доброволниот рок како и многу од вашите претходници и вие ќе може да продолжите со надградба на воената професија во професионалниот состав на Армијата на Република Македонија и да ја одберете војничката професија, војничката струка како животна определба, порача министерката.

Абдиу ги потсети дека тие се столбот на АРМ, од кои понатаму се регрутираат професионални војници,а со воена дообука и во старешини-подофицери за потребите на АРМ.

– Со овој чин вие се приклучивте кон генерациите обучени и оспособени за одбрана на нашата татковина Република Македонија, рече Абдиу.

Младите војници ќе ги обучуваат искусни старешини од Центарот за индивидуална обука ЦИО и тие во наредните три месеци треба да ја совладаат и добро научат основната воена обука.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он