Свечен прием во Владата по повод Денот на албанската азбука

Од:

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор Хазби Лика денеска во Владата организираше свечен прием по повод Денот на албанската азбука 22 Ноември со кој се одбележуваат 109 години од Битолскиот конгрес на кој таа била стандардизирана.

На настанот, како што информираа од Секретаријаот за спорведување на Рамковниот договор, присуствуваа доајени на албанското образование и просветни работници, на кои вицепремиерот Лика им се заблагодари за нивниот придонес во развојот на образованието на албански јазик и на многу генерации Албанци.

Посочи дека Битолскиот конгрес е основа на стандардниот албански јазик и претставува многу важен датум за албанскиот народ.

На присутните им се обрати и директорот на Институтот за културно и духовно наследство на Албанците во Македонија, Скендер Хасани.
Владина делегација предводена од вицепремиерот Лика попладнево ќе го посети Музејот на албанската азбука во Битола каде што ќе биде отворена изложба на портрети на делегати кои пред повеќе од еден век учествувале на Битолскиот конгрес. Одбележувањето ќе биде заокружено со концерт во Центарот за култура во Битола.

Активностите за Денот на албанската азбука, кој е неработен ден за Албанците во Македонија, почнаа вчера со научна трибина во Битола, на која учествува истражувачи на албанологијата од државни институции во Македонија, Косовo и Албанија.

На 14 ноември 1908 година во Битола бил свикан Битолскиот конгрес со цел да се создаде унифицирана азбука која ќе биде и почеток на албанската литература. На конгресот присуствувале 150 делегати, кои дошле од Албанија, како и од албанските заедници во Романија, Италија, Грција, Турција, Египет, Америка итн. Претседател на Конгресот бил албанскиот дипломат, писател и политичар Митхат Фрашери.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски