Свечен пречек за контингентот на АРМ вратен од Авганистан

Од:

Министерот за одбрана Фатмир Бесими присуствуваше на денешната свеченот по повод враќањето на контингентот на Првата механизирана пешадиска пригада во гарнизонот Тетово по завршувањето на нивната шестмесечна мисија во меѓународните мировни сили на ИСАФ во Авганистан.

Министерот Бесими истакна дека со оваа мисија бројот на војници на АРМ што учествувале во ИСАФ во Авганистан надмина 2.000 војници, а вкупно во мисии надвор од Македонија бројката достигна 2.800 војници и старешини или 35 отсто од составот на АРМ кои учествувал во мисии рамо до рамо со останатите армии од НАТО, ОН и ЕУ и дале свој придонес за глобалниот мир.

„Денеска се навршува и една година откако јас сум министер за одбрана и контингентот што се врати може да ги види промените во армијата со новата формациска поставеност според стандардите на НАТО што овозможува развој и унапредување на кариерата на секој војник и старешина со цел изградба на модерна и ефикасна армија поблиска до граѓаните“, изјави Бесими.

Началникот на Генералштабот на АРМ генерал мајор Горанчо Котески истакна дека е среќен и горд затоа што мисијата беше извршена во најдобар ред и што сите нејзини припадници се вратија живи и здрави назад во Македонија и кај своите семејства.

„И овој контингент на АРМ го даде својот придонес за глобален мир и безбедност и уште еднаш покажа дека нашето место е во НАТО“, рече генерал мајорот Котески.

Свое видување на предизвиците на оваа ротација на мисијата ИСАФ во Авганистан имаа и командантот на контингентот мајор Мухарем Мухареми, постариот водник Али Шабани и водникот Маја Угриновска.

„Пред шест месеци од ова исто место реков дека заминуваме на многу значајна и тешка задача. Нема посреќен член на единицата од мене поради фактот што сите се вративме живи и здрави. Имавме многу предизвици и моменти што беа опасни по живот, но со нашата професионалнот и малку среќа успеавме да немаме никакви загуби. Фактот што 10 години рамноправно и паралелно со припадниците на војниците од другите земји членки на НАТО ги извршуваме задачите зборува сам по себе. Ние де факто иако не и де јуре сме членка на НАТО“, рече мајор Мухареми.

Оваа беше 11. контингент што се врати од мировна мисија, а е од гарнизонот Тетово. На мисија во Авганистан тргнаа и се вратија 149 војници и старешини. Тоа беше и 21 ротација на македонските војници во мисијата ИСАФ. Во следните шест месеци на нивно место ќе бидат нивните колеги од касарната во Кичево.

На денешната свеченост во касарната „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово присуствуваа и заменик началникот на ГШ на АРМ генерал мајор Насер Сејдини и командантот на Здружената оперативна команда на АРМ генерал Методија Величковски.

Би можело да ве интересира

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски

Оброците за АРМ се 100% исправни, соопшти фирмата која ја подготвува храната