„Сваровски“ судијките место предмети на СЈО, ќе судат прекршоци

Од:

Нов годишен распред на судии во кривичниот суд направи новиот претседател Иван Џолев. Судијките кои беа споменувани како „Сваровски“ во прислушуваните материјали од тефтерчето на ексминистерката Гордана Јанкуловска, наместо предметите на СЈО, ќе судат во Одделот за прекршоци. Тоа значи дека со измените, некои предмети ќе започнат од почеток.

Голем дел од досегашните судии од организиран криминал кои постапуваа по предметите на СЈО, се префрлени да судат прекршоци. Меѓу нив се Лидија Петровска („Тврдина 2“, „Триста“ и „ Транспортер“), Татјана Михајлова („Насилство во Центар“), Верка Петровска („Тарифа“), Моника Бахчоваковска, сопруга на функционер од претходната власт која одлучуваше за оценка на обвинителните акти на СЈО.

Распоредот во Одделот за организиран криминал е речиси целосно сменет. Останува судијата Горан Бошевски што го води предметот на СЈО „Тракеторија“, а организиран криминал ќе судат и судијата Владимир Туфегџиќ, експретседателката на судот Добрила Кацарска, судијката Софче Гаврилова Ефремова, која го суди Драган Павловиќ Латас, Огнен Саврев, Дарко Тодоровски кој беше иземен од одлучување за притворот на Груевски, Осам Шабани и Џанета Бектовиќ.

В. М.

Би можело да ве интересира

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Таткото на Вања бара да биде пуштен од притвор – Фетаи е против, Апелација одлучува

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on