Сузана Салиу наградена со нова функција за „успешното“ справување со поплавите

Од:

Сузана Салиу во понеделник ќе даде свечена заклетва и ќе стапи на должноста заменик народен правобранител.

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ ја сместија на оваа сигурна и добро платена позиција, непосредно по лавината критики за нејзиното неснаоѓање како директор на Центарот за управување со кризи на Република Македонија со катастрофалните поплави. Наместо одговорност за огромната штета, власта веднаш ги сместува своите на уште подобри места.

Паричните примања според податоците за оваа позиција е 80.000 денари, а мандатот 8 години со право на уште нови 8 години.

Од 1997-2006 , таа веќе беше заменик на народниот правобранител на Република Македонија, доаѓајќи од новинарската фела.

Како кадар на ДУИ беше избрана за пратеник и потпретседател на Собранието на Република Македонија. (2011-2014).

Образованието и магистратурата Салиу ги стекнува во Приштина, а во нејзината биографија стои дека од познавање јазици, владее со англискиот, а мајчин јазик и е албанскиот.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ