Сузан Шуц: Односите меѓу С.Македонија и Бугарија се „многу сложени и комплицирани“

Од:

Сузана Шуц, директорка за Југоисточна Европа, Турција и земјите од ЕФТА во германското Министерство за надворешни работи, изјави дека решавањето на проблемите на Западен Балкан повеќе не може да се одложува, дека времето е многу важен фактор и дека е важно да се работи на воспоставување на владеење на правото и на примена на законите.

Шуц од Берлин, вклучувајќи се на онлајн конференцијата „Две децении од почетокот на нормализација на односите меѓу дејтонската четворка“, порача дека регионот е приоритет за Германија, како и членството на земјите од регионот во ЕУ и економскиот инвестициски план кој ќе биде приоритет во наредниот период.

-Постигнавме многу во изминатите 20 години, Словенија и Хрватска се членки на Унијата, Црна Гора и Србија преговараат за пристап, а Северна Македонија и Албанија во март добија зелено светло да започнат преговори. Се надеваме дека до крајот на годината и германското претседателство со Унијата ќе ги имаме првите меѓувладини конференции, изјави Шуц.

Таа оцени дека односите меѓу Северна Македонија и Бугарија се „многу сложени и комплицирани“, а што се однесува до Албанија, постојат голем број услови кои мора да бидат исполнети.

Шуц кажа дека дијалогот меѓу Србија и Косово е „камен на сопнување“ за регионот и изрази надеж дека во следните месеци ќе се оствари потребниот напредок.

Според неа, 25 години по Дејтон, Босна и Херцеговина сè уште е поделена по етнички линии, државните структури се нефункционални и тешко е да се постигне консензус за основните прашања.

Нагласи дека Берлинскиот процес е исто така многу важен за регионот и се надева дека ќе биде можно физички да се одржи во ноември во Софија, кога коорганизатори ќе бидат Бугарија и Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат

Фрустрацијата кај македонските граѓани е огромна, отстапките се преголеми, но остануваме на е вропскиот пат, вели Мицкоски од Њујорк