СУТКОЗ бара разрешување на директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје

Од:

Синдикатот за комунални дејности на Република Македонија, кој е дел од СУТКОЗ бара од градоначалникот на Град Скопје Коце Трајновски веднаш да го разреши од функцијата генралниот директор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Александар Атанасов поради непочитување на Колективниот договор и законите за работни односи и за административните службеници, како и поради несоодветното образование за извршување на функцијата.

Во спротивно, како што најави на денешната прес-конференција претседателот на СУТКОЗ Дарко Димовски, тоа ќе се обидат да го направат по правен пат и преку нивниот адвокат ќе поднесат кривична пријава до Основното јавно обвинителство против Атанасов, а поединчено тоа ќе го направат и сите работници од Водовод и канализација кои, како што рече, бесправно се отстранети од работа.

– Атанасов има несоодветна диплома за високо образование од Колеџ во Грција која и Министерството за образование и наука не му ја нострифицира. Воедно, само врз основа на непроверени изјави од потрошувачи има отстрането од работа повеќе лица, преку 700 вработени се неосновано казнети, а 300 лица со високо образование се деградирани и работат како инкасатори, рече Димовски. Тој покажа документ од 14 октомври 2016 година со кој, како што наведе, министерот за образование Лутфиу го информира Атанасов дека не може да му се нострифицира дипломата.

Би можело да ве интересира

Се реконструира водоводната мрежа во дел од Автокоманда

А1он

(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ја вработил кумата во Водовод, обвинуваат од СДСМ

А1он

Скопски „Водовод“ бара зголемување на цената на вода за 30 денари, РКЕ предлага седум денари, конечната одлука ја носи Советот на општината

Ана Ололовска

Нека штрајкуваат колку сакаат, со нив не седнувам на маса – Арсовска нема да преговара со Синдикатот

А1он

СДСМ: Незаконски се отпушта претседател на синдикална организација во „Водовод и канализација“

ССМ: Директорот на Водовод продолжува со своето шерифско однесување, незаконски му даде отказ на претседателот на Син­дикатот

Ана Ололовска