Суспендирани двајца полицајци кои претепале крадец

Од:

Поради утврдено пречекорување на овластувањата против двајца полициски службеници е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тие се суспендирани од работните места до завршување на постапката, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

На 28 септември при редовно извршување на мотопатролна служба, полициските службеници Р.Б. и В.Н. од Полициската станица Карпош го затекнале лицето А.Р. при извршување на кривично дело тешка кражба во парфимерија во Трговскиот центар Лептокарија во Скопје.

При интервенцијата, полициските службеници несразмерно употребиле физичка сила врз сторителот, од што тој се здобил со тешки телесни повреди во пределот на лицето и телото. Со возило на Итната медицинска помош А.Р. е пренесен во Ургентен центар-Скопје, а поради сериозноста на повредите е задржан за понатамошно лекување.

За настанот веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, кој веднаш го известил и Основното јавно обвинителство Скопје. По издадените наредби на јавниот обвинител, преземени се мерки и дејствија за расчистување на случајот.

Поради утврдено пречекорување на овластувањата, против полициските службеници е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тие се суспендирани од работните места до завршување на постапката. Министерството за внатрешни работи нема да толерира вакви настани и ќе ги преземе сите мерки полициските службеници што употребиле прекумерна сила да бидат казнети според законот.

– За жал, овој случај укажува дека се потребни темелни реформи и вработување на вистински професионалци, како и поставување и почитување на строги критериуми при вработувањето и унапредувањето на вработените во Министерството, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он