А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Суспендирани цариници бидејќи дозволиле излез на автобусот од „Беса транс“, без да го евидентираат

by А1он24/11/2021 - 22:361578
Share0

Возилото на „Беса транс“ кое било без лиценца, поминувало на четири гранични премини низ државава во период од една година. Ова го констатираше Царинската управа, по направените проверки. Во овој период, се превезувале и патници. Последниот излез на автобусот кога со патниците заминал за Турција, не бил евидентиран, а извршена била само заверка на евидентниот лист за превоз на патниците.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Првичните наоди од внатрешната контрола покажуваат дека на 18.11.2021 година, од страна на царинските службеници елелектронски не е евидентиран излезот на возилото со регистарски таблички СК0284БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, извршена е само заверка на евидентентиот лист за превоз на патници. За досега утврдените неправилности во постапувањето, за двајца царински службеници кои биле на смена кога возилото излегло од државата, ќе бидат преземени мерки суспендирање од работното место, а за нивниот непосреден раководител ќе следи мерка за санкционирање“, велат од Царинската управа.

Оттаму, велат дека се проверува и веродостојноста на документите кои „Беса Транс“ ги приложила при влез и излез на автобусот кој е без лиценца, од земјава.

„За возилото со регистарски таблички СК 0284 БА на превозникот БЕСА Транс од Скопје, во периодот од 15.10.2020 година до 11.11.2021 година, Царинската управа има евидентирано повеќе преминувања, преку граничните премини: ГЦИ Деве Баир, ГЦИ Блаце, ГЦИ Ќафасан и ГЦИ Делчево, за различни видови на превоз, вклучувајќи и евиденција на бројот на Изводот од Лиценцата за вршење на јавен превоз во меѓународниот патен сообраќај – слободен превоз на патници. Веродостојноста на овие приложени документи од превозникот дополнително ќе се проверува“, се наведува во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube
besa transcarinasoobrakajka pernik

Би можело да ве интересира

ОЈО: Истрага за царинските измами со цигари – штетата на Буџетот е над 4 милиони евра

А1он25/09/2026 - 18:00

Унгарец на „Табановце“ се обиде да внесе непријавени 200.000 евра

А1он22/09/2026 - 16:17

ДУИ: Дали возилото на заменик-директорот на Царина беше веднаш зад возилото на уапсениот за примање поткуп од 17.500 евра?

А1он14/09/2026 - 18:03

Се бара притвор за приведениот помошник директор во Царинска управа, осомничен дека примил поткуп од 17.500 евра

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 16:38

ДУИ: 17.500 евра не можат да завршат кај заменик-директорот – да се истражи целиот синџир до Даути, Касами и Меџити

Горан Наумовски11/09/2026 - 12:14

МВР потврди: Помошник директорот во сектор-администрација во Царина е приведен со обележани 17.500 евра

А1он10/09/2026 - 17:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео