Сурјан: ЕП силно го поддржува проширувањето

Од:

ЕУ силно го поддржува проширувањето, изјави заменик-претседателот на Европскиот парламент Ласло Сурјан во своето обраќање откако ги слушна говорите на претседателите и потпретседателите на парламентите на земјите од ПСЈИЕ на денешната конференција во Охрид.

– Вашата организација јасно демонстрира дека проширувањето не е сон туку реалност. Сега членки на унијата се три плус еден, практично четири што е јасен показател дека процесот оди напред, и нема да запре, изјави Сурјан.

Рече дека претседавал со состанокот на комитетот кога ЕП дискутирал за последниот извештај за Македонија, кога земјата добила поддршка за влез во Унијата.

Европскиот парламент, рече тој, е среќен за идејата и ја охрабрува соработката меѓу владите и парламентите и ова е средство за трајно помирување во регионот.

Претседателот на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ искажа поддршка за регионалната соработка и се фокусираше на стратегијата 2020 на ЕУ економски развој и намалување на невработеноста.

Би можело да ве интересира

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ

„Фајненшл тајмс“: Европската комисија размислува за распаѓање на дипломатската служба на ЕУ

Туск: Следните шест месеци ќе бидат одлучувачки за безбедноста на Европа

Кремљ: Не гледаме основа за подобрување на односите меѓу Москва и Европа