(ВИДЕО) Сугарески: Уплашената разулавена власт ја загрозува иднината на Македонија

Од:

Координаторот на СДСМ Горан Сугарески, веднаш по констатирањето на условените оставки на министрите и замениците министри од редовите на СДСМ, од собраниската говорница кажа дека ВМРО-ДПМНЕ насилно ги враќа старите министри.

Се распукаа сите шавови, рече Сугарески.

„Невозможното со магично стапче стана возможно. Па и свикувањето на оваа седница. Оставките на министрите од СДСМ беа условени. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски се плашат од избори.Уплашената разулавена власт ја загрозува иднината на Македонија. Вие сте соучесници на ова злодело“, рече Сугарески.

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека проблем не е ни избирачкиот список, ни фантомските гласови, туку катастрофално нискиот рејтинг на СДСМ и нивниот страв од соочување со граѓаните.

Tалат Џефери од ДУИ ги праша пратениците од СДСМ што сакаат и кога според нив треба да има избори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените