(ВИДЕО) Сугарески: Трајко Вељановски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат да свикаат седница за пратенички прашања

Од:

Поминаа многу повеќе од 100 дена откако Емил Димитриев застана на премиерската позиција, но Собраниска седница за поставување на пратенички прашања се уште нема закажано.

Јавно прашувам зошто Трајко Вељановски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат да свикаат Собраниска седница за поставување на истите, рече Горан Сугарески од СДСМ.

Собранието одреден период не работеше, поради едностраната и неуставна одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, но Владата на Емил Димитриев функционираше, барем официјално.

Откако едностраната одлука на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ самите ја повлекоа, според собранискиот Деловник Велјаноски имашеобврска да закаже седница за пратенички прашања, вообичаено, секој последен четврток во месецот.

Но ВМРО-ДПМНЕ се плаши од граѓаните, се плаши од вистината.

Очигледно и во ВМРО-ДПМНЕ и во ДУИ знаат дека Владата на Емил Димитриев ги нема спроведено потребните реформи за кредибилни избори, за што беше избрана.

Една од причините што се уште не се создадени услови за слободни, фер и кредибилни избори е тоа што Емил Димитриев одработуваше партиска агенда на ВМРО-ДПМНЕ, а не државна агенда.

Избирачкиот список не е прочистен, нема реформи во медиумите, Специјалното јавно обвинителство е под постојани опструкции, има селективна правда…

Намерно се создаваше дополнителн хаос, на штета на граѓаните, со незаконските одлуки со коишто се поништија сите одлуки на министрите од опозицијата.

Бараме седницата за поставување пратенички прашања да биде свикана во најкраток можен рок.

Собранието има обврска да тоа да го обезбеди, а граѓаните имаат право да слушнат што работеле и што работат министрите на отворена, јавна седница, рече Сугарески.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Дали Обвинителство се врати од екскурзија или само Мицкоски работи во ОЈО?

А1он

(ВИДЕО) Жерновски: Македонското обвинителство не може да молчи, да отворат истрага за унгарскиот кредит

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте