Сугарески: Се преземат мерки да се пушти железничкиот сообраќај кај Куманово

Од:

Се преземаат максимални мерки во најбрз период да се санираат шините и да се пушти железничкиот сообраќај кај Куманово, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, коментирајќи ја состојбата по вчерашната несреќа со излизгување на десетина товарни вагони кај железничката станица кај Куманово.

Во однос на модернизација, министерот Сугарески напомена дека се бара начин како да се санираат огромните долгови на железникиот транспорт, па потоа дополнително да се инвестираат дел од средствата со кои треба да се врши сообраќајот.

– Ќе се направат максимални напори не само во делот на транспортот, туку и во делот на инфраструктурата. Пругата Битола – Кременица е комплетно завршена треба да се поврзе оптичкиот кабел од Трубарево до Битола и исто така треба да се внесе дополнително опремата, рече Сугарески, одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на контролниот центар за патишта кај Петровец.

Како што наведе Сугарески, има сериозно откочување на активностите за изградба на железницата Куманово – Бељаковце, а очекувањата се дека првата делница ќе биде завршена до крајот на оваа година или почетокот на идната, со тоа што, подвлече, во тек е пректвалификација на кандидати и во делот на втората делница, за да почнат работите наредната година.

Во делот на третата делница, информира Сугарески, Министерството за финансии преговара за обезбедување средства согласно тешката конфигурација на земјиштето што ја има од Крива Паланка до бугарска граница, а станува збор за 23 километри. Првичните проценки за финансиската конструкција на тој дел на пругата изнесуваат меѓу 350 и 400 милиони евра, од кои 60 се обезбедени од ИПА. Исто така 68 милиони евра се обезбедени ВБИФ (Инвестициски фонд за Западен балкан) грант средства за втората делница, од 145-те милиони евра што беа заем од ЕБОР.

Одговарајќи на новинарско прашање, Сугарески рече дека во ниту еден момент не изјавил дека цените на државното градежно земјиште се прениски и посочи дека согласно со уредбата и методологијата утврдена во неа уредбата тие се уште се исти. За цените за продажба на државно градежно земјиште во неколку наврати се обратил до Заедницата на единииците на локална самоуправа (ЗЕЛС), но се уште не добил никакво мислење.

– Можеби некаде се бара намалување, а некаде зголемување на цените, тоа ЗЕЛС треба да го утврди и врз база на тоа како ресорно Министерство ќе постапиме. Без мислење од ЗЕЛС ќе бидеме обвинети од страна на општините дека некаде зголемуваме, а некаде намалуваме и во делот на приходите кои ги имаат општините од тие средства ќе имаме такво намалување. Во два наврата сум испратил писмо ургентно да се произнесат да ја видиме целокупната ситуација, рече Сугарески.

Во меѓувреме, како што информира Сугарески, уште 10-тина општини ги презеле надлежностите за управување со државното земјиште, со што, нагласи, се намалува обемот на располагање со државното градежно земјиште од страна на Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

Одрон од карпи го прекина железничкиот сообраќај Велес-Гевгелија

А1он

Сугарески апелира машиновозачите да продолжат со работа

Ана Ололовска

Машиновозачите најавија бокада на железничкиот сообраќај

Ана Ололовска

Во железничка несреќа во Конго загинаа најмалку 50 лица

Железници Транспорт: Во тек се преговари за техничките недостатоци на гарнитурите, можна арбитражна постапка

Возот за Кочани од утре нема да сообраќа, на релација Гевгелија-Скопје и Битола-Скопје ќе сообраќаат само до Велес

Наум Локоски