Сугарески – Орјан: Разгледана можноста за воспоставување авиолинија Скопје – Тел Авив

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска во Скопје со израелскиот амбасадор Дан Орјан разговарал за можноста за воспоставување директна авионска линија Скопје – Тел Авив.

На средбата министерот Сугарески го информирал амбасадорот за сите потребни процедури и услови за воспоставување на ваква авио линија.

Министерот Сугарески, како што соопшти ресорното Министерство, го запознал амбасадорот на Израел и со инфраструктурните проекти што се реализираат во Македонија, како и со реформите што ќе се спроведуваат во наредниот период, а се во насока на подобрување на севкупната состојба во државата.

Двајцата соговорници се согласиле да се интензивира понатамошната соработка и да се подобруваат економските односи меѓу Македонија и Израел.

Би можело да ве интересира

Фолксваген преговара за влез во воената индустрија, ќе произведува компоненти за „Железната купола“

Иран нападна неколку градови во Израел

Горан Наумовски

Израел воспоставува „безбедносна зона“ во Јужен Либан

Израел: Нападнавме ракетни складишта и разни штабови на иранскиот режим

Иран испука ракети кон Израел, има повредени

Горан Наумовски

Израел изврши нови напади врз Техеран