А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Сугарески: Граѓаните не можат да добијат сопственост на домовите, ВМРО-ДПМНЕ го блокира носењето на Законот за легализација

by Кристијан Ландов21/01/2020 - 10:5521/01/2020 - 11:06597
Share0

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднеле околу илјада амандмани за новиот Законот за легализација, соопшти министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.

Добивај вести на вибер

Според него, тие намерно ги кочат процесите, кои пак, тврди дека е во интерес на граѓаните. Сугарески тврди дека со амандманите и неможноста да се донесе законот до распуштање на Собранието, пратениците на опозицијата оневозможиле околу стотина илјади објекти на граѓани да бидат легализирани.

„Претпоставувам дека тоа го прават само поради една причина, си играат со трпението на граѓаните во неможност да понудат квалитетни законски решенија. Законот за легализација има цел да се стави крај на узурпацијата на просторот, а граѓаните да добијат сопственост на своите домови“, посочи Сугарески.

Министерот тврди дека партијата ВМРО-ДПМНЕ, претходно носела решенија за легализација со кои овозможувале, како што вели, партиските профитери да си ги легализираат своите хациенди, згради и вили за по едно евро, а сега тоа се стопира.

„Упатувам апел до пратениците да покажат конструктивност и да го изгласаат законот. Станува збор за класична блокада, со директна штета на граѓаните“, додаде Сугарески.

sobranie

Би можело да ве интересира

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Горан Наумовски05/03/2026 - 11:45

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Горан Наумовски04/03/2026 - 14:49

Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците и избраните и именувани лица

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:36

„Зелено светло“ во Собранието за кратење на функционерските плати

Горан Наумовски25/02/2026 - 15:54

Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти

Горан Наумовски19/02/2026 - 14:5019/02/2026 - 14:50

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Катерина Ѓуровски18/02/2026 - 12:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен