Судскиот совет ја отфрли претставката за судијката Дончевска за времената мерка на 1ТВ

Од:

Со 10 гласови „за“ и 2 гласа „против“, членовите на Судскиот совет ја отфрлија претставката на Македонската медиумска асоцијација за нестручно вршење на судиската функција на судијката Сузана Дончевска, која донесе решение за времена мерка објава на ценовникот за платено политичко рекламирање на телевизијата 1 ТВ и основа за покренување тужба за надомест на штета за испуштена корист.

Известителот за претставката, Виолета Богојеска, објасни дека иако подносителот на претставката ММА не е странка во постапката, поради јанвиот интерес била земена во работа. Судскиот совет се обратил од Граѓанскиот суд во Скопје, од каде што биле доставени спорното решние и изјава на судијката. Во претставката немало конкретни докази за одредено политичко влијание врз судот или судијката при изрекување на решението.

Според решението на судот, ѝ се дава право на 1ТВ да покрене тужба за право на надомест за штета за испуштена корист за неемитувани реклами, т.е. за да добие државни пари за политичко рекламирање. Образложението на судот е дека судијката не можела да отфрли барање за остварување на одредено право, со цитирани членови од Уставот и Законот за судови.

Македонската медиумска асоцијација побара Судскиот совет да испита евентуално политичко влијание при донесување на одлуката на судијката Дончевска. Членот на Советот, Селим Адеми, посочи дека треба да се почека исходот од жалбената постапка на Апелацискиот суд. Сашко Ѓорѓиев рече дека треба да се даде приоритет при одлучувањето. Судијата Киро Здравев рече дека со барањето за времена мерка мора да има поднесено и тужба и дека ако нема тужбено барање, решението за времена мерка е невалидно. Здравев рече дека треба да се почека и да не се брза, за да не се направи влијание врз одлуката на првостепениот суд.

Виолета Богојеска на крајот од дискусијата рече дека Судскиот совет не е суд за да ја решава надлежноста и дека целта на претставката била постигната, а подносителот повторно може да поднесе нова претставка по одлуката на второстепениот суд. „Ќе ја следиме работата и на судот и на судијката“, рече Богојеска. Нејзиниот колега, Владе Богдановски кажа дека е против затворање на постапката и дека треба да се почека постапката пред Апелацискиот суд во Скопје.

Од ДИК во жалбата навеле дека Граѓанскиот суд во Скопје е ненадлежен да одлучува за предлозите на тужителот, бијдејќи за тоа надлежни се само управните судови. Во аргументите се наведува дека комисијата ниту дозволува, ниту забранува радиодифузерите да вршат платено политичко рекламирање и дека тоа е предмет на меѓусебен договор меѓу радиодифузерот и учесникот во изборната кампања.

Од Апелацискиот суд за „А1 он“ потврдија дека жалбата на Државната изборна комисија е примена и дека ќе биде одлучено во законските рокови. Неофицијално, одлуката може да биде донесена по завршување на вториот круг од претседатесалките избори.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите

Судскиот совет ја промени ранг листата за избор на судии за Апелационен суд Битола

Филков: Измените во Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се клучни за патот кон ЕУ

ДКСК поднесе иницијатива за дисциплинска постапка против член на Судскиот совет

Горан Наумовски

Лидија Георгиевска избрана за претседателка на Вишиот управен суд

Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството