Судскиот совет исклучува можност за негово влијание врз судовите

Од:

Во врска со зачестените критики дека Судскиот совет на Република Македонија и неговиот претседател влијаат на работата на судиите и претседателите на судовите, од Судскиот совет во денешното соопштение апелираат да не се создава неоснована недоверба за судскиот систем со недобронамерни коментари и неосновани напади.    

– Советот постапува во рамките на надлежноста утврдена со Уставот и законите и е орган кој ја гарантира независноста и самостојноста на Судската власт во Република Македонија, се вели во соопштението.

Оттаму посочуваат дека е исклучена секаква законска можност за било какво влијание на Советот врз работата на судовите, вклучително и врз работата на нивните претседатели.

– Советот е овластен да ја следи и цени работата на судиите и на претседателите на судовите. Истиот не влијае во делот на организацијата на работата на претседателите на судовите. Внатрешната организација и работата на судовите е во целосна надлежност на претседателот на судот, согласно Законот и Судскиот деловник, се наведува во соопштението.

Според Советот, со ваквите напади директно се нарушува угледот и интегритетот на судиите како носители на судската власт и се поткопуваат темелите на судската власт, што е неодржливо не само од аспект на судството, туку и на општеството во целина.

– Советот како гарант на судската независност, смета дека за остварување на истата е неопходно судиите да продолжат со својата работа, ослободени од било какви притисоци и влијанија, со доследно почитување и примена на законите во правораздавањето, стои во соопштението од Судскиот совет.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални