Судскиот совет го избра Бурим Сејдини за претседател на Управен суд

Од:

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. На конечната листа за избор имаше петмина кандидати за оваа функција. Сејдини беше претседател на Управен суд во период од 2017-та до 2021 година. При неговиот избор беше нагласена неговата професионалност, организираност, искуството и резултатите кои ги има постигнато информираат од Судскиот совет.

-На седницата Судскиот совет определи вршители на должноста претседател во неколку основни судови, Куманово, Ресен и Тетово. Досегашната претседателка Снежана Манев ќе раководи со Основен суд Куманово. За Основен суд Ресен е определена Емељ Кранли Али, која исто така до сега беше на челната функција во судот. Хасан Асани, досегашниот претседател на судот во Тетово е определен за вршител на должност. Тројцата претседатели се определни за вршители на должност поради континуитетот во работата на судовите, а на функцијата ќе останат одреден период, до официјален избор на претседатели, се вели во соопштението од Советот.

Со оглед дека во неколку судови има определено вршители на должност, Судскиот совет објави огласи за избор на претседател на основните судови во Куманово, Ресен, Тетово, Берово и за Основен кривичен суд Скопје.

Би можело да ве интересира

Судски совет: Судската власт е независна и самостојна, а Советот е орган кој не делува под политички влијанија

А1он

Новата членка на Судскиот совет Чачарова-Илиевска даде свечена изјава во Собрание

Ана Ололовска

Арсиќ: Судскиот совет сè уште ги нема добиено одлуките на Врховен суд со кои се опфатени тројца судии

Ана Ололовска

Судскиот совет бара воедначување на судската практика за кривични дела од сообраќајот

Управниот суд ја прифати тужбата на Беса, нема да се прегласува во Желино

А1он

Судискиот совет денеска ќе избира ВД претседател на скопскиот Кривичен суд

Ана Ололовска