Судскиот совет е клучен за прочистувањето на судството, согласни Маричиќ и Здравев

Од:

Зајакнување на одговорноста на судиите и прочистување на судството, беше една од темите на разговор на денешната средба на министерот за правда Бојан Маричиќ со претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија Киро Здравев.

На средбата со претседателот на Судскиот совет, министерот Маричиќ, како што соопшти неговиот кабинет, дискутираше околу спроведувањето на Законот за Судскиот совет, како и околу улогата на Судскиот совет во поглед на отворањето на Поглавјето 23 и исполнувањето на европските стандарди за независно и ефикасно судство.

Министерот Маричиќ истакна дека Судскиот совет е клучната институција која треба да го спроведе објективното и непристрасно прочистување на судството, во соработка со меѓународните партнери.

Маричиќ истакна и дека наскоро се очекува да започне и ЕУ мониторингот на судските случаи со висока корупција, но и дека ќе биде сојузник и поддршка за кадровското зајакнување на судовите со стручни соработници.

На средбата, министерот Маричиќ истакна дека иако ситуацијата со Ковид-19 го спречи Министерството за правда да врши редовен надзор над функционалноста на АКМИС-от во судовите, дека сепак надзорите ќе продолжат во наредниот период.

Би можело да ве интересира

Судски совет донесе заклучок за продолжување на постапката за избор на двајца членови на Советот

Судски совет донесе одлука за пензионирање на двајца судии

Судски совет ги оспори пред Уставен суд законските измени со кои се стопираше зголемувањето на платите на судиите

Судски совет: Со интервенција во законот директно се влијае врз нормалното функционирање на судовите

Ѓорѓи Андонов и Тодор Поп Панев избрани за судии во Апелациониот суд Штип

Судскиот совет добил претставка и постапува по одлуката на Врховен суд за зградата на ССМ