Судската полиција ќе протестира ако не и се исполнат барањата

Од:

Вработените од судската полиција најавуваат протест преку кој ќе го искажат своето незадоволство поради неисполнување на нивните права предвидени во Законот за судска служба.

Претседателот на Одборот за судска полиција Драган Јосевски денеска на прес-конференција рече дека бараат исполнување на нивните права согласно Законот, односно исплата на надоместокот за работа за време на празници и во денови на одмор, како и исплата на надоместокот за работа изложена на висок ризик.

– Судската полиција не е задоволна. Покрај со тужби со кои ќе ги бараме нашите права, незадоволството ќе го изразиме и со протест, најави Јосевски.

Досега испратиле писма со барања до надлежните, но, како што истакна Јосевски, немаат добиено никаков одговор.

Од Синдикатот на УПОЗ во кој членува Одборот за судска полиција, информираа дека до Уставниот суд е поведена и постапка за оценување на уставноста на членот од Законот за судска служба со кој им се ускратува можноста на вработените во судската полиција да конкурираат за местото командант на судската полиција.

Би можело да ве интересира

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ