Судовите лани решиле 472.556 предмети

Од:

Судовите во Македонија во 2016 година работеле ажурно, речиси сите целосно успеале да го совладаат приливот на новите предмети и го намалиле заостатокот на предмети од претходните години, е главниот заклучок на денешната општа седница на Врховниот суд на Република Македонија на која се разгледуваше работата на судовите во текот на изминатата година.

Како што имформира претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, во текот на минатата година во судовите вкупно биле во работа 592.245 предмети од кои се решени 472.556, а нерешени останале 119.689 предмети. Во текот на годината биле примени 459.481 предмет, а од 2015 година и од претходно биле пренесени 128.649 нерешени предмети.

– Тоа значи дека судовите во 2016 година успеале да го совладаат целокупниот прилив на новопримени предмети и да го намалат заостатокот кој бил од 2015 година за 13.075 предмети, рече Вангеловски и додаде дека псотпи тенденција на намалување на заостатокот на нерешени предмети.

Вишиот управен суд, како што рече, имал во работа 5.483 предмети од кои решеил 4.492, а нерешени останале 991 предмет со што заостатокот го намалил за 104 предмети. Управниот суд го намалил заостатокот за 904 предмети, апелационите судови за 1.679 премети, а основните судови за 10.388 предмети.

– Во 2016 година поголемиот број судови го совладале приливот и решавале и заостаток на предмети. Нрешен заостаток на предмети има во осум основни судови кои не успеале да го совладаат приливот и го зголемиле заостатокот на предмети, рече Вангеловски.

Најголемо зголемување на заостатокот од 1.369 предмети има најголемиот граѓански суд – Основен суд Скопје 2, потоа следат Основен суд Тетово со 900, Основен суд Куманово со 299, Основен суд Берово со 291, Основен суд Неготино со 266, Основен суд Кичево со 254, Основен суд Виница со 109 и Основен суд Кочани со 58 заостанати предмети.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО